Вашингтон Капиталс славеа на пет од последните шест средби, откако синоќа ги надиграа ЛА Кингс со 0-2.
Кингс не успеаја да постигнат погодок по вторпат сезонава, иако имаа дури 34 шутеви кон противничката мрежа.
Сепак, сите од нив беа запрени од голманот Илја Самсонов, кој го запиша својот втор шут-аут во сезоната и петти во дресот на Капиталс.
Резултатот на семафорот гласеше 0-0 во текот на цел натпревар, односно до три и пол минути пред крајот.
Во самата завршница, двапати во листата на стрелците се запиша Гарнет Хатавеј – еднаш совладувајќи го Џонатан Квик и еднаш на празна мрежа.
Во Источната конференција, Вашингтон го држи второто место, додека ЛА Кингс паднаа на деветтата позиција на Западот.