По мини-серијата од два порази, Милвоки Бакс се вратија на победничките патеки, совладувајќи ги ЛА Лејкерс со 109-102.
,,Езерџиите” фуриозно го започнаа мечот, но актуелните шампиони го презедоа водството во втората четвртина.
Сепак, гостите ја вратија позитивата на своја страна, но Бакс во четвртиот квартал повторно ја имаа контролата во свои раце.
Во сето тоа, освен вториот стрелец Боби Портис (17 поени) и повратникот Крис Мидлтон (16), најмногу помогна неверојатниот Јанис Антетокумбо, кој уфрли дури 47 кошеви.
На спротивната страна, дабл-дабл запишаа двајца кошаркари, односно Тејлен Хортон-Такер (25 поени и 12 скокови) и Расел Вестбрук (19 поени и 15 асистенции).
Со новата победа, Милвоки (7-8) напредна до единаесеттата позиција на Истокот, додека Лејкерс (8-8) се осми на Западот.