
Екипата на Болтон, која цели кон враќање во Чемпионшип, го заврши своето учество во ФА Купот уште во првата рунда.
Вондерерс беа поразени од петтолигашот Стокпорт со 5-3 после продолженија во реваншот, иако на својот стадион ремизираа со 2-2.
Синоќа, на преполниот ,,Еџли Парк” (10 084 гледачи), после шест минути, Болтон водеше со 0-2, преку голот на Елијас Качунга (2′), односно автоголот на Ешли Палмер (6′).
Неполни дваесет минути подоцна, Патрик Меден (24′) погоди од пенал за 1-2, но Амаду Бакајоко (29′) експресно ја врати предноста на гостите од два погодоци.
До крајот на првото полувреме, Скот Квигли (45′) намали на 2-3, а на пет минути пред крајот, Палмер (85′) се оправда за автоголот и избори продолженија за својот тим.
Во дополнителниот период, Квигли (95′) стрелаше за прво водство на Стокпорт на мечот, а конечниот резултат го постави Оливер Кранкшоу (119′) со својот дебитантски гол во најстарото клупско натпреварување.
Во втората рунда, односно во 1/64-финалето, Стокпорт ќе гостува на ,,Асил Њујорк Стадиум” кај третолигашот Ротерам.
Освен ,,Шеширџиите”, пласман во наредната фаза изборија уште неколку екипи што се натпреваруваат во и под петтата лига, односно: Гејтсхед, Борам Вуд, Ст. Албанс, Кидерминстер, Халифакс, Бакстон и Јеовил.