
Откако дојдоа на првото место на Западната конференција, Нешвил Предаторс запишаа четири порази на последните пет средби.
Синоќа, претставниците на Тенеси беа поразени со 1-4 од страна на Вашингтон Капиталс.
Капиталс поведоа во петтата минута со голот на Џозеф Снивели, а на стартот на третиот дел, Мајк МекКерон израмни на 1-1.
Неполни две минути подоцна, Вашингтон веќе имаше 1-3 во своја полза, благодарение на Ник Џенсен и на Александер Овечкин, а Русинот се запиша во листата на стрелците уште еднаш за поставување на конечниот резултат.
Голманот на Капиталс, Илја Самсонов, беше важна алка во победата на својот тим, одбранувајќи 33/34 шутеви (97,06%).
Со лошата серија, од првата, Нешвил падна на петтата позиција на Западот, додека Вашингтон е седми на Истокот.




