
Првиот настан од денешниот ден во рамките на ЗОИ 2022 беше натпреварувањето во фристајл скијање во дисциплината слоупстајл во машка конкуренција.
Со злато на оваа трка се закити Американецот Алекс Хол, кој за првпат се искачи на олимпискиот подиум, благодарение на освоените 90,01 поени.
Вицешампионот од Пјонгчанг, Ник Гепер, собра 86,48 поени со втората изведба и го одбрани сребреното одличје од пред четири години.
Со учинок од 85,35 бодови, бронзата ја доби Швеѓанецот Јеспер Тједер, кој замина со првиот медал од ЗОИ во кариерата.
Првопласираните после квалификациите, повратникот од повреда Андри Регетли (83,50) и олимпискиот шампион во биг ер, Бирк Рууд (79,33), го комплетираа пласманот во топ 5.