
Иако ја започнаа новата НХЛ сезона со седум порази, Ванкувер Кенакс успеаја да поврзат две победи и да се одлепат од дното на Западната конференција.
Пред два дена, Кенакс ги поразија Сиетл Кракен со 4-5, а синоќа упатија нова ,,петарда”, но овој пат во мрежата на Питсбург Пенгуинс за триумф од 5-1.
После две третини, резултатот гласеше 2-1, со головите на Танер Пирсон и на Бо Хорват за домаќините, односно на Рикард Ракел за гостите.
Во третиот период, од канадскиот состав, во листата на стрелците се запишаа уште Андреј Кузменко, Оливер Екман-Ларсон и Џеј Ти Милер.
За избраниците на Брус Будро, на голот стоеше Спенсер Мартин, кој имаше 34/35 одбранети шутеви (97,14%).
На Западот, Ванкувер скокна на тринаесеттата позиција, додека Питсбург падна на петтото место во Источната конференција.