
Во четиринаесеттото коло од хокеарската ИЦЕ Лига, во дербито на Јужен Тирол, Болцано ја декласира Валпустерија со 6-2.
После две одиграни третини, домаќините водеа со 5-0, оставајќи им го третиот период на гостите, кои го добија со 2-1.
За ,,Лисиците”, двојни стрелци беа Мајк Халмо и Мет Фратин, а по еднаш стрелаа Кристијан Томас и Дастин Газли.
Од друга страна, за ,,Волците”, по еден погодок имаа Арон Лачак и Филип Ал.
На табелата, Болцано остана на првото, а Валпустерија на последното место.




