
Филаделфија Филис ја отворија финалната серија на МЛБ со триумф од 5-6 над Хјустон Астрос.
На мечот, со двата хоум-рани на Кајл Такер и со трчањата на Јули Гуриел, на Џереми Пења и на Алекс Брегман во вториот и во третиот ининг, Астрос стекнаа навидум убедливи 5-0.
Сепак, до крајот, гостите направија целосен пресврт за вкупно водство од 1-0.
Во листата на поентерите за Филис се запишаа Рајс Хоскинс, Брајс Харпер, Ник Кастељанос, Брендон Марш, Кајл Шварбер и Џеј Ти Реалмуто.




