
После петте порази во низа, Ванкувер Кенакс го запишаа првиот триумф, совладувајќи ги Винипег Џетс со 3-2.
Во првата третина, единствен стрелец беше Оливер Екман-Ларсон, кој погоди за 1-0 во корист на Ванкувер и воедно им овозможи на Кенакс да водат на првата пауза на домашен терен за првпат во новата сезона.
На стартот на вториот период, Кајл Бароус зголеми на 2-0 со првиот гол во својата НХЛ кариера.
Сепак, само една минута подоцна, гостите го преполовија заостатокот преку Николај Елерс, пред Конор Гарланд да ја врати предноста од два гола на домаќините, стрелајќи за 3-1.
Во третиот период, Винипег бркаше позитивен резултат, но успеа само да дојде до почесен погодок преку Пјер-Лук Дубуа, кој воедно го постави и конечниот резултат.
Во Западната конференција, Ванкувер го задржа четиринаесеттото место, додека Винипег остана петти и испушти шанса за скок на втората позиција.



