Новата сезона од Светскиот куп во санкање беше отворена на новата патека во Јанкинг, наменета за ЗОИ 2022, со трката во машки дублови.
До победа на воведното натпреварување во оваа категорија стигна германскиот двоец, Тони Егерт и Саша Бенекен (1:57,610), кој воедно постави и рекорд на патеката од 58,793 секунди во првата серија.
Германците беа водечки после првата серија, а пласманот на топ 6 двојките остана непроменет и после второто санкање.
На второто место се пласираа актуелните шампиони, Томас Штој и Лоренц Колер (+0,209), а браќата од Летонија, Андрис и Јурис Шикс (+0,429), мораа да се задоволат со третата позиција поради грешка во последниот сектор.
На првите пет места се пласираше уште по едно дуо од Австрија и од Летонија, односно Јаник Милер/Армин Фраушер (+0,703) и Мартинс Ботс/Робертс Плуме (+0,868).