
За првпат после 2006/07, Феникс Санс направија серија од единаесет врзани победи.
Синоќа, ,,жртва” на актуелните вицешампиони беа Далас Маверикс, кои загубија со 112-104 во отсуство на повредениот Лука Дончиќ.
Играта беше неизвесна речиси во текот на цел натпревар, но Санс дојдоа до триумфот, откако ја добија четвртата четвртина со 33-20.
Најефикасен играч кај Далас беше Криштапс Порзингис (23 поени и 12 скокови), а од неговите соиграчи, дабл-дабл запиша и Џејлен Брансон (18 поени и 10 асистенции).
Од редовите на победничкиот состав, Девин Букер и Мајкл Бриџес беа најпрецизни со по 19 кошеви, додека две двоцифрени статистики имаше Крис Пол (18 поени и 14 асистенции).
Во Западната конференција, Феникс (12-3) го држи второто место, додека Далас (9-6) се наоѓа на четвртата позиција.



