Третата трка од новата велосипедска сезона беше популарната ,,Страде Бјанке” (Бели улици), која започна и заврши во италијанскиот град Сиена.
Имено, ,,Страде Бјанке” важи за една од најисцрпните еднодневни трки во календарот, пред сè поради делницата со бел чакал во реонот Крете Сенези, поради која го носи и името.
На неа триумфираше холандскиот велосипедист Матје ван дер Пуел, кој беше најбрз на еднодневна трка по седми пат во својата кариера.
Возачот на ,,Алпесин Феникс” ја помина делницата од 184 километри за 4:40:29, оставајќи ги зад себе сите 140 натпреварувачи, кои успешно стигнаа до целта.
Од нив, најбрз беше второпласираниот Жулијан Алафилип (+0:05), а на третото место се искачи победникот на Тур д Франс од 2019 – Еган Бернал (+0:20).
Во продолжение, под една минута заостануваа: Воут Ван Аерт (+0:51), Томас Пидкок (+0:54), Михаел Гогл (+0:54) и Тадеј Погачар (+0:54).
📸 Tim de Waele/Getty Images