Во рамките на 35. коло од англискиот Чемпионшип се соочија Барнсли и Бирмингем.
Двете екипи се наоѓаат во сосема различни ситуации.
Имено, Барнсли ја оправда фаворитската улога и со триумф од 1-0 ја круниса својата доминантна игра.
Стрелец на единствениот погодок беше Дерил Дајк (49′), кој погоди по третпат на последните четири средби.
Со седмата победа во низа, Барнсли потполно неочекувано, но апсолутно заслужено, се протна до плејоф-зоната,односно до шестото место.
Од друга страна, Бирмингем е дваесет и први со само три бодови предност во однос на ,,црвената” зона.
📸 Barnsley FC