Дивизиските ривали од АФК Север, Балтимор Рејвенс и Синсинати Бенгалс, влегоа во новата сезона со учинок од 5-2.
Во седмото коло, Бенгалс славеа над своите противници со убедлив резултат од 17-41.
Од победничкиот состав, апсолутно неверојатна партија одиграа три играчи.
Првиот од нив беше квотербекот Џоу Бароу, кој го заврши мечот со 416 освоени јарди од 23/38 обиди за додавање и со три уфрлени тачдауни.
Освен него, со 3 фаќања за 91 јард и со 2 тачдауни се истакна Си Џеј Узома, а ,,фаца” на денот беше Џа’Мар Чејс со тачдаунот преку цел терен и со освоениот 201 јард.
Во продолжение, по еднаш топката во енд-зоната ја внесоа тркачите Џоу Миксон и Самаџ Перин.
Од друга страна, за Рејвенс, покрај шутерот Џастин Такер, поентираа Девонта Фримен и Маркис Браун.
Во соработка со НФЛ Македонија