
Тенеси Титанс прикажаа неверојатна партија во седмото коло, декласирајќи ги Канзас Сити Чифс со 27-3.
Натпреварот практично беше решен уште после првото полувреме, кога домаќините водеа со неверојатни 27-0.
Во оваа серија, шутерот Ренди Балок придонесе девет поени, а тачдауни постигнаа МајКол Пруит, Еј Џеј Браун и Рајан Тенехил.
Тенехил, како квотербек, го заврши мечот со 270 освоени јарди од 21/27 успешни обиди и со еден пресечен пас.
Освен него, тачдаун со додавање запиша и најдобриот тркач на Титанс, Дерик Хенри, кој со пробивање освои 86 јарди.
Од друга страна, единствените поени на Чифс ги донесе шутерот Харисон Баткер со филд-голот во третата четвртина.
Квотербекот на Канзас Сити, Патрик Махоумс, уфрли 206 јарди и едно пресечено додавање, пред да биде заменет од Чед Хени.
После седум средби, Чифс се соочуваат со негативен учинок од 3-4, додека Титанс скокнаа на 5-2.
Во соработка со НФЛ Македонија