Синоќа, Бостон Бруинс дојдоа до четвртата победа во низа, откако ги совладаа Вашингтон Капиталс со 6-3.
Бруинс, во првите 14 минути, стекнаа предност од 2-0 со головите на Патрис Бержерон и на Давид Крејчи.
Во наредните 11 минути игра, односно заклучно со воведниот период на втората третина, Капиталс направија целосен пресврт, откако мрежата на Туука Раск ја затресоа Ти Џеј Оши (х2) и Ентони Манта.
Сепак, за Бруинс да дојдат до победата, уште по еден гол постигнаа и Бержерон и Крејчи, а дополнително двапати стрелаше и Бред Маршан.
На табелата на Источната дивизија, Вашингтон и покрај поразот остана на врвот, додека Бостон ја зазема четвртата позиција.
📸 Steve Babineau/NHLI via G etty Images