Премиерниот натпревар од синоќешната НБА програма го одиграа екипите на Њујорк Никс и на Њу Орлеанс Пеликанс.
Накрај, до победа од 122-112 дојдоа претставниците на Њујорк, кои славеа после продолжение.
Во крајните минути од втората четвртина, Никс стекнаа двоцифрена предност што беше ,,стопена” во третиот квартал што Пеликанс го добија со 35-22.
На седум секунди до крајот, гостите од Њу Орлеанс водеа со 103-100, но мечот отиде во продолжение со тројката на Реџи Булок во завршницата.
Во дополнителниот период, домаќините во потполност ги надиграа ривалите, добивајќи ги со 19-9.
Од составот на Пеликанс, најмногу се истакнаа Зајон Вилијамсон (34 поени), Ерик Бледсоу (22 поени) и Стивен Адамс (10 поени и 14 скокови).
Од друга страна, кај Никс најдобри беа Џулиус Рендл (33 кошеви и 10 асистенции) и Дерик Роус (23 кошеви).
На табелата на Источната конференција, Никс (31-27) останаа на шестото место, додека Њу Орлеанс (25-32) се единаесетти на Западот.
📸 Nathaniel S. Butler/NBAE via Getty Images



