Синоќа, Филаделфија Филис дојдоа до само четвртиот триумф на последните десет средби, откако ги совладаа Ст. Луис Кардиналс со минимални 2-0.
На пресметката, домаќините постигнаа по еден поен во првиот и во петтиот ининг.
Најпрво, резултатот со хоум-ран го отвори Брајс Харпер, а потоа, четири бази освои Рајс Хоскинс.
За Филаделфија, топките во сите девет ининзи ги фрлаше Арон Нола, кој запиша десет страјк-аути.
На табелата на Националната лига, непосредно по натпреварот, Филис (8-7) се наоѓаа на седмата, а Кардиналс (7-8) на деветтата позиција.
📸 Mitchell Leff/Getty Images