
Во осмото коло на АФЛ, Порт Аделаид Пауер ја запишаа третата победа во низа, совладувајќи ги Вест Коуст Иглс со (16.13) 109-69 (10.9).
Иако поразот дава убедлива слика, сепак разликата на мечот ја направи втората четвртина, која им припадна на домаќините со 40-9.
Од победничките редови, убедливо најефикасен беше Џереми Финлејсон (5.2), а двоцифрен поентерски учинок имаа уште: Рајан Бартон (2.1), Конор Рози (2.1), Џуниор Риоли (2.1) и Дарси Бирн-Џонс (2.0).
На спротивната страна, од ,,Орлите”, најрасположени во офанзивата беа Џеј Кали (4.1), Оскар Ален (2.2) и Џек Дарлинг (2.1).
Со само една досегашна победа, Вест Коуст се наоѓа на претпоследното место, додека Порт Аделаид скокна на четвртата позиција.