
Ред Бул Салцбург е старо-новиот шампион на хокеарската ИЦЕ Лига, одбранувајќи ја титулата од минатата сезона.
Во 2022/23, ,,Црвените бикови” дојдоа до јубилејната десетта круна, откако во финалето го совладаа Болцано со вкупни 4-3.
,,Мајсторката”, односно седмата одлучувачка партија се одигра во италијанскиот град, а истата заврши со триумф на Австријците од 1-2.
Во втората третина, Кол Халтс погоди за домаќините, пред Томас Рафл да израмни на 1-1, а шампионатот на Салцбург му го донесе Николај Мајер на неполни две минути пред крајот.