
Со синоќешната победа од 100-111, Индијана Пејсерс славеа над Јута Џез на гостински терен за првпат после 27 ноември 2018.
Во текот на речиси цел натпревар преовладуваше резултатската неизвесност, освен во завршниот период, кога Пејсерс стекнаа предност и од +15 во еден наврат.
Најзаслужни за победата на Индијана беа Малколм Брогдон и Ти Џеј МекКонел, кои комбинираа за вкупно 51 поен, односно постигнаа по 30 и по 21 кош.
Од редовите на домашната екипа, Донован Митчел беше најефикасен со 26 кошеви, а Руди Гобер остана единствен на паркетот со дабл-дабл учинок од 19 поени и од 11 скокови.
Со петтата победа во сезоната, Индијана (5-8) дојде до дванаесеттата позиција на Истокот, додека Јута (8-4) го држи третото место на Западот.