
Во првиот меч од четврт-финалето на Манстер во Ол-Ајрленд Сениор Фудбал Чемпионшип, Кери го декласира Клер со (3-22) 31-14 (1-11).
Разликата во квалитетот беше евидентна уште пред стартот на мечот, а истата беше потврдена, кога Шон О’Шеј го отвори резултатот после само четиринаесет секунди.
О’Шеј (1-7) беше најефикасен фудбалер на мечот, а по еден гол за Кери забија уште Дејвид Клифорд (1-6) и Мајкл Барнс.
Кај Клер, поентерски најрасположен беше Оин Клери (0-6), а како единствен голгетер се покажа Дејвид Тубрајди.
Во полуфиналето на Манстер, денешните победници ќе ги одмерат силите со минатогодишните провинциски шампиони – Типерери.