Екипата на Вексфорд обезбеди пласман во полуфиналето на Леинстер, каде што ќе се соочи со актуелниот провинциски шампион – Килкени.
Имено, популарните ,,Јелоубелис”, денес, во четврт-финалната фаза, ги декласираа харлерите на Лиш со убедливи (5-31) 46-26 (1-23).
Во текот на цел натпревар, домаќините покажаа убедливо поквалитетна игра, притоа водејќи на полувреме со 23-10.
Од победничкиот состав, дури тринаесет играчи постигнаа по најмалку еден поен.
Од нив, најефикасни беа стрелците на головите, Рори О’Конор (1-7), Конор МекДоналд (2-4), Ли Чин (1-2) и Дејвид Дан (1-0), заедно со Пол Морис (0-5) и со Кевин Фоули (0-3).
На спротивната страна, голгетер беше само Киран Комерфорд (1-1), а осум поени додаде Пи Џеј Скали.