
Првото место во групата Д се покажа како проколнато за Нигерија, која беше единствена екипа со три победи во групната фаза од Африканскиот куп на нации.
Имено, еден од фаворитите за титулата, беше ,,награден” со третопласираниот во групата Ф, Тунис, во осминафиналето на континенталниот собир.
Во нивниот денешен меч, Тунис триумфираше со минимални 1-0 и дојде до првата меѓусебна победа после 1985.
За претставниците на северна Африка, единствен стрелец беше Јусеф Мсакни (47′), со голот од далечина на стартот на вториот дел.
Во 66. минута, надежите на Нигерија за израмнување и за пресврт беа намалени со директниот црвен картон на Алекс Ивоби, после само седум минути поминати на теренот.
Во четвртфиналето, Тунис ќе се соочи со селекцијата на Буркина Фасо, која го елиминира Габон после пенали.