
Иранецот Хосеин Вафеи дојде до првата рангирана титула во својата кариера, откако го освои осмиот турнир во сезоната – Шут-аут.
Станува збор за натпреварување, кое влезе во рангираниот систем во 2017 и се состои од десетминутни партии во кои играчите имаат по 10-15 секунди за секој удар.
Во големото финале, Вафеи го совлада Велшанецот Марк Вилијамс со 71-0 и заработи педесет илјади фунти.
Воедно, новиот шампион го имаше и најголемиот брејк на турнирот од 123 поени.