Далас Маверикс го доживеаја и шестиот пораз во низа, откако синоќа, во последните секунди, срцепарателно загубија од Феникс Санс со 108-109.
Кошаркарите од Тексас водеа два разлика во завршницата, но Девин Букер погоди победоносна тројка за Санс на 1,5 секунди до крајот.
На спротивната страна, Лука Дончиќ имаше шут за победа, но истиот беше непрецизен.
Накрај, Букер го заврши мечот со 24 поени, а најефикасен од сите беше неговиот соиграч, Крис Пол, кој уфрли 34 поени, заедно со 9 асистенции и со 9 скокови.
Од поразениот состав, Дончиќ беше најдобар со 25 поени, а Криштапс Порзингис имаше дабл-дабл учинок од 19 поени и од 10 скокови.
Со овој пораз, Далас (8-13) падна на тринаесеттото место на Западот, додека Феникс (11-8) се искачи на шестата позиција.
📸 Glenn James/NBAE via Getty Images



