Њујорк Ренџерс и Питсбург Пенгуинс, синоќа, се соочија по вторпат во два дена во рамките на НХЛ.
Откако ,,Пингвините” го добија првиот дуел после продолжение со 4-5, ,,Ренџерите” го возвратија ударот и триумфираа со 3-1.
Во првата третина, Џејсон Зукер им донесе почетно водство на Пенгуинс со својот трет овосезонски погодок.
Во вториот дел, Кевин Руни израмни на 1-1, а Крис Крајдер го комплетираше пресвртот на домашниот состав на неполни девет минути до крајот.
Конечниот резултат го постави Артеми Панарин на празен гол на неполна секунда до звукот на сирената.
За Ренџерс, ова е трета победа сезонава доволна за претпоследното место на Истокот, каде што Питсбург е четврти и покрај денешниот пораз.
📸 Sarah Stier/Getty Images



