Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп долго време одоговлекуваше околу донесувањето на стопер во тимот по повредите на неколку дефанзивци од првиот тим, првенствено на отсуствата на Вирџил ван Дајк и Гомез.
Ливерпул во своите редови на шест месечна позајмица со можност за откуп го донесе 20-годишниот стопер на Шалке 04 и турски репрезентативец Озан Кабак. Овој млад стопер беше баран од многу клубови од Топ-5 лигите и беше прашање на време само кога ќе заминеше од Бундеслигата.