
На денешната олимписка програма во сноубординг беше машкото натпреварување во сноуборд крос.
На него, со првиот олимписки медал во златна боја во својата кариера се закити Австриецот, роден во Швајцарија – Алесандро Хамерле.
Во големото финале, за дел од секундата, зад новиот првак заврши Канаѓанецот Елиот Грондан, а третопласиран беше 32-годишниот Италијанец – Омар Визинтин.
Грондан и Визинтин, исто како и Хамерле, дебитираа на олимпискиот пиедестал и ги освоија првите одличја на ЗОИ во кариерата.
Бронзата на Визинтин добива многу поголемо значење кога ќе се земе предвид фактот дека Италијанецот претрпе фрактура на глуждот и потрес на мозокот пред неполни три месеци.
Единствен без медал од финалната трка беше аутсајдерот Јулијан Луфтнер.