
На третото овосезонско штафетно натпреварување од Светскиот куп во санкање, Германија славеше на домашен терен во Алтенберг.
Имено, првата победа на Германците (2:23,954) во новата сезона им ја донесоа Јулија Таубитц, Макс Лангенан, Тони Егерт и Саша Бенекен.
На второто место заврши ,,бронзената” селекција од Јанкинг, Италија (+0,325), во чиј состав беа Андреа Фетер, Доминик Фишналер, Лудвиг Ридер и Патрик Растнер.
Победниците на претходната трка, Русија (+0,493), завршија на најниското место на пиедесталот, а заслужни за тоа беа Екатерина Катникова, Александр Горбачевич, Александер Денисев и Владислав Антонов.
Летонската селекција (Елиза Тирума, Кристерс Апарјодс, Мартинш Ботс и Робертс Плуме) имаше водство после двете индивидуални изданија, но грешката на дублот резултираше со губење на поените.
Во продолжение, пласманот гласеше: САД, Австрија, Канада, Украина, Романија, Полска, Јужна Кореја, Чешка и Словачка.