
Во текот на првиот натпреварувачки ден од викендот во Осло беа одржани последните спринтови од тековната сезона на Светскиот куп во биатлон.
Во женска конкуренција, сè уште актуелната шампионка, Тирил Екоф (21:28,3) дојде до победата, иако имаше една промашена мета.
На втората позиција заврши Лиза Тереза Хаузер (+7,0), а лидерката во генералниот поредок, Марте Олсбу Роиселанд (+9,4) го освои третото место.
Во продолжение, во интервал од една минута на утрешната потера ќе тргнат уште: Маркета Давидова (+19,7), Ане Шевалие-Буше (+40,3), Џесика Јислова (+54,2) и Денизе Херман (+56,1).
Кај мажите, до втората победа во сезоната стигна Стурла Холм Лагреид (25:27,1), кој имапе стопроцентен стрелачки учинок како и шест од наредните девет натпреварувачи.
Втората позиција му припадна на Квентин Фијо Маје (+22,4), кој ја загарантира првата титула во својата кариера со новите 54 поени.
Денешната трка, како третопласиран ја заврши најдобриот млад скијач, Себастијан Самуелсон (+26,5), после кој следуваше германското трио: Бенедикт Дол (+39,5), Ерик Лесер (+40,0) и Филип Наврат (+40,5).