
Првата леталница од Светскиот куп во ски скокови во машка конкуренција е германскиот Оберстдорф, каде што денес беа одржани квалификациите.
На нив, со скок од 225,5 метри, триумф забележа Австриецот Штефан Крафт, кој го остави зад себе Словенецот Анже Ланишек.
Најпријатното изненадување го направи новајлијата во норвешкиот тим, Бендик Хегли, кој го освои третото место.
Како четврт заврши најдобриот домашен претставник, Карл Гајгер, а петтопласиран беше светскиот шампион во ски летови – Мариус Линдвик.
Најдолгиот скок на денот од 228 метри го имаше шестиот Михаел Хајбок, а во првите десетмина завршија уште: Петер Превц, Давид Кубацки, Жига Јелар и Ловро Кос.