Натпреварувачкиот викенд во шведскиот Фалун од Светскиот куп во крос-кантри беше затворен со денешните спринтови.
Кај дамите, по вторпат во низа славеше Лин Сван (3:13,17), која за само 33 стотинки ги претекна Анамарија Лампич и Јона Сундлинг, кои го поделија второто место. Во финалето се пласираа уште Јохана Хагстром (+3,53), Лота Уднес Венг (+7,06) и Ане Стенсет (+18,0).
Во машка конкуренција, Јоханес Клебо (2:48,22) триумфално го одбележа првиот викенд по враќањето во Светскиот куп. На подиумот завршија Оскар Свенсон (+1,45) и Хаавард Солаас Таугбел (+2,80), а во финалето настапија уште Сергеј Устиугов (+2,97), Лука Шанава (+11,18) и Ерик Валнес (+48,36). Во полуфиналето, својот настап, за дел од секундата, го завршија Глеб Ретивих и Федерико Пелегрино, а Александер Болшунов претрпе пад на квалификациите.
📸 Lars Baron/Getty Images