Тројната мини-турнеја во Зеефелд од Светскиот куп во нордиска комбинација во машка конкуренција беше затворена денес со скоковите и со најдолгата трка на 15 километри.
Исто како и на претходните две трки, така и денешните две серии поминаа во знакот на Јарл Магнус Риибер (37:19,1).
Норвежанецот триумфираше по третпат во низа, односно по седми пат сезонава.
Зад него, со драстично подобро трчање, Илка Херола (+1,3) успеа да го помине Акито Ватабе (+3,2) и да ги промени нивните позиции на подиумот во однос на вчера.
Во продолжение следуваше германското дуо составено од Ерик Френцел (+47,7) и од Винценц Гајгер (+47,8), односно најдобриот Австриец Јоханес Лампартер (+54,1), кои беа единствени со заостаток под една минута.
📸 Hans Peter Lottermoser/SEPA.Media /Getty Images



