Јубилејното 50. Светско првенство во санкање на вештачки патеки, одржано во германскиот Конихзее, беше затворено со тимското мешано натпреварување.
За првпат во досегашната историја, Австрија (2:43,139) стана светски шампион во оваа дисциплина. За алпската земја, на патеката се појавија Маделен Егле, Давид Глајршер, Томас Штој и Лоренц Колер.
Втората позиција ѝ припадна на најтрофејната репрезентација на ова СП, Германија (+0,038), за која настапија Јулија Таубитц, Феликс Лох, Тони Егерт и Саша Бенекен.
Накрај, со бронза се закити Латвија (+0,432), односно Кендија Апарјоде, Артурс Дарзниекс, Јурис Шикс и Андрис Шикс.
📸 Daniel Kopatsch/Getty Images