Најубедливата победа од синоќешната НХЛ програма ја остварија Вегас Голден Најтс, кои славеа со 1-6 над Ст. Луис Блус.
Претставниците на Невада веќе после дванаесет минути игра веќе водеа со 0-2, откако мрежата на Виле Хусо ја затресоа Томаш Носек и Алек Мартинез.
Сепак, Блус успеаја да го преполоват својот заостаток до крајот на првата третина со голот на Тајлер Бозак.
Вториот период беше клучен за крајниот исход на натпреварот бидејќи, во него, гостите постигнаа четири погодоци.
Три од нив паднаа во интервал од две минути, а четвртиот само го завери убедливиот триумф.
Најпрво, Мартинез стрелаше за неговиот втор погодок на мечот, а во листата на стрелците се запишаа уште Вилијам Кериер, Џонатан Маршесолт и Никола Хаг.
На табелата на Западната дивизија, Вегас остана на второто место, додека Ст. Луис падна на шестата позиција.
📸 Scott Rovak/NHLI via Getty Images