Синоќа, Кливленд Кавалирс ја прекинаа серијата од четири порази, изборувајќи триумф од 101-125 над Сан Антонио Спарс.
Во текот на мечот, Спарс беа конкурентни само во првата четвртина, а во продолжение Кливленд само ја градеше својата предност.
Од победничкиот состав, со 37 поени, најефикасен беше Дариус Гарленд, а дабл-дабл од 16 поени и од 12 скокови имаше Ајзеа Хартенштајн.
Кај домаќините, Келдон Џонсон запиша дабл-дабл од 13 поени и од 10 скокови, а најпрецизен беше ДеМар ДеРоузан со 20 кошеви.
На Истокот, Кливленд (18-32) го држи дванаесеттото место, додека Спарс (24-24) се деветти на Западот.
📸 Logan Riely/NBAE via Getty Images



