По воведниот пораз од Милвоки Бруерс, Минесота Твинс успеаја да поврзат три победи од кои последната се случи синоќа над Детроит Тигерс.
Имено, Твинс потполно ги декласираа своите ривали и ја оправдаа фаворитската улога со триумфот од 6-15.
Единствените поени за Детроит ги постигнаа Вилсон Рамос, Виктор Рејес и Акил Баду со еден хоум-ран во петтиот и два во деветтиот ининг.
Од друга страна, Твинс имаа ,,само” два хоум-рани, кои беа дело на Нелсон Круз во втората и во петтата деветтина, а останатите поени беа добиени со освоени бази.
Исто така вреди да се напомене дека едниот хоум-ран на Круз и единствениот на Баду беа всушност грен-слемови вредни по четири поени.
📸 Duane Burleson/Getty Images



