
Оукленд Атлетикс ја забележаа петтата последователна победа над ЛА Анџелс, откако синоќа ги декласираа со 6-0.
Во дуелот на двете калифорниски екипи, домаќините поентираа еднаш во четвртиот, двапати во седмиот и трипати во шестиот ининг.
Единствен играч што постигна хоум-ран беше Мет Олсон, кој со 25. поентирање во сезоната го отвори резултатот.
Во продолжение, освен него, двапати по четири бази освоија Тони Кемп и Марк Кања.
Стартниот фрлач на победничкиот состав, Џејмс Каприлијан, за шест ининзи, освои солидни седум страјк-аути, допуштајќи само пет бази.
Во Американската лига, Анџелс (46-48) го заземаат десеттото место, додека Атлетикс (55-42) се наоѓаат на петтата позиција.