
Вчера, силите на теренот ги одмерија две англиски екипи, Бристол Сити и Портсмут, кои одиграа пријателски натпревар.
На него, после 90 минути, Бристол Сити славеше со 3-2, но заради давање минутажа на повеќе фудбалери, беа одиграни продолженија.
Поради фактот дека Портсмут остана со десетмина на теренот, младиот фудбалер на Бристол, Марли Франсоа, го облече синиот дрес.
Доколку ова се брои за позајмица, тогаш Франсоа би станал фудбалерот што бил позајмен на најкраток период.
Иако одигра само половина час, младиот фудбалер успеа да постигне гол (111′) токму против својот клуб и го израмни резултатот на 3-3, кој накрај се покажа како конечен.
Имено, освен Франсоа, за Портсмут погоди двапати Гасан Ахадме (7′, 45+5′ п.), додека за ,,Робинс” стрелаа Андреас Вајман (56′), Кејси Палмер (65′) и Крис Мартин (77′ п.).