
Милвоки Бакс ја освоија втората титула во историјата на франшизата, односно прва после 1971, откако во финалето ги поразија Феникс Санс со вкупни 4-2.
Санс поведоа со 2-0 во финалната фаза, но Бакс ги добија наредните четири пресметки.
Шестиот дуел беше одигран синоќа и на него, на домашен терен, кошаркарите на Милвоки славеа со 105-98.
Во текот на мечот и двете екипи имаа свои периоди со убедливи серии, но во последниот квартал, Бакс покажаа поубедлива игра вредна титула.
Најефикасен на мечот, со дабл-дабл учинок и со рекорд на кариерата во плејофот, беше Јанис Антетокумбо (Милвоки), кој постигна 50 поени и 14 скокови.
Од соиграчите, Џру Холидеј запиша 12 поени и 11 скокови, а Крис Мидлтон додаде уште 17 поени.
На спротивната страна, Девин Букер и Крис Пол беа поентерски најрасположени со 19, односно со 26 кошеви.