По четврти пат во тековната сезона, Нешвил Предаторс ги надиграа Колумбус Блу Џекетс, триумфирајќи со 2-1.
Имено, во првата третина, Колумбус стигна до водство од 0-1, откако Кем Еткинсон се запиша во листата на стрелците по десетти пат сезонава.
Сепак, Нешвил направи целосен пресврт во вториот период со двата погодоци на Матијас Екхолм, кои воедно беа негови први во 2021 година.
Освен Швеѓанецот, голема заслуга за победата на ,,Предаторите” имаше и голманот Јуусе Сарос, кој имаше 96,67% на одбранети удари (29/30).
Со новите два поени, Нешвил им го препушти дното во Централната дивизија на Детроит Ред Вингс, додека Колумбус остана на петтото место.
📸 John Russell/NHLI via Getty Images