По вторпат во низа во меѓусебните пресметки, Филаделфија Флаерс ги поразија Бафало Сабрес со резултат од 3-0.
Токму синоќа беше одигран нивниот последен меѓусебен дуел, во кој Филаделфија погоди еднаш во првата и двапати во втората третина.
Имено, стрелци за составот од Пенсилванија беа тројца различни хокеари, односно Шон Кутурие, Шејн Гостисбер и Скот Лоутон.
Што се однесува до домашните играчи, единствен што се истакна и покрај трите примени голови, беше голманот Картер Хатон, кој одбрани 36/39 противнички удари (92,31%).
Од друга страна, голманот на Флаерс, Брајан Елиот, го запиша вториот овосезонски шут-аут и тоа по вторпат против Бафало.
На табелата на Источната дивизија, Филаделфија ја зазема третата позиција, додека Бафало е на последното осмо место.
📸 Twitter: Philadelphia Flyers



