
Кронула Шаркс ја оправдаа фаворитската улога, откако во деветтото коло на НРЛ, славеа над НК Каубојс со убедливи 44-6.
Во првото полувреме, Шаркс направија серија од 20-0, пред Кајл Фелдт (33′) и Валентин Холмс да намалат на 20-6.
Сепак, во вториот дел, ,,Каубоите”, наместо да бидат предатори, беа плен и примија нови дваесет и четири поени.
За шутевите на домаќините беше задолжен Николас Хајнс (8/9), а, освен него (59′), есеите ги постигнаа Сиосифа Талакаи (1′), Џеси Ремиен (13′), Сионе Катоа (27′), Роналдо Мулитало (43′, 57′) и Тиг Вилтон (73′).
На табелата, Кронула скокна на втората позиција, додека НК Каубојс паднаа на петнаесеттото место.