
Со поразот од Арис од 2-1, екипата на Олимпијакос официјално се збогува од титулата, а воедно и од квалификациите за Лигата на шампиони.
Во триесет и второто, од вкупните триесет и шест кола на грчката Супер лига, ,,Црвено-белите” загубија во Солун, додека нивните градски ривали, АЕК и Панатинаикос, остварија триумфи.
Со новите три бода, АЕК и Панатинаикос побегнаа на +12 во однос на третопласираниот Олимпијакос, додека Арис остана на петтата позиција и со ,,едната нога” зачекори во Лигата на конференции.
Во првото полувреме, Луис Палма (36′) им донесе водство на домаќините, кое во вториот дел го удвои Брајан Дабо (65′) со првиот гол во новата средина.
До крајот, од пенал, дефицитот на гостите го преполови најдобриот стрелец во лигата, Седрик Бакамбу (п. 70′), кој има седумнаесет погодоци во 2022/23.