
Манли Си Иглс гостуваа кај Њукасл Најтс по јубилеен десетти пат во историјата во рамките на петтото коло од новата НРЛ сезона.
Накрај, ,,Морските орли” дојдоа до победа од 6-30 што претставува нивен четврт меѓусебен гостински триумф.
После првото полувреме, рагбистите на Манли водеа со 0-10, но на стартот на вториот дел, Њукасл се врати, намалувајќи на 6-10.
Сепак, до крајот, победниците направија серија од 20-0, доволна за третиот овосезонски поволен исход.
Од домашните редови, есеј постигна Калин Понга (46′), а успешно конвертираше Џејк Клифорд.
На спротивната страна, за шутевите беше задолжен Рубен Герик, а топката во противничката енд-зона ја внесоа Ендру Дејви (23′), Морган Харпер (31′), Карл Лотон (69′), Хаумоле Олакау’ату (72′) и Таниела Пасека (77′).
На табелата, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, Манли го држи петтото, а Њукасл – десеттото место.




