
Бруклин Нетс се наоѓаат во сериозна резултатска криза, откако го запишаа осмиот последователен пораз.
Имено, синоќа, претставниците на Њујорк беа поразени од Денвер Нагетс со 124-104.
И покрај изедначеното прво полувреме, Нагетс успеаја да стекнат победоносна предност со серијата од 28-9 во третата четвртина.
Од победничките редови, трипл-дабл постигна Никола Јокиќ (27 поени, 12 скокови и 10 асистенции), а втор стрелец, со 21 кош беше Вил Бартон.
Кај Бруклин, дабл-дабл имаше Кајри Ирвинг (27 кошеви и 11 асистенции), додека Кем Томас додаде уште 20 поени.
Во овој дуел и двете екипи влегоа со лимитиран ростер, односно со неколку отсутни клучни кошаркари.
На Истокот, Нетс (29-24) паднаа на седмата позиција, додека Денвер (29-24) е шести во Западната конференција.