Канада го доби првото олимписко злато во сноубординг во дисциплината слоупстајл во името на Макс Перот.
Перот, на денешната трка, освои 90,96 поени и среброто од Пјонгчанг 2018 го претвори во одличје со златна боја.
Домашната нација се радуваше на вицешампионски наслов, откако на второто место се пласираше Кинезот Су Јиминг (88,70).
Канада имаше причина за двојно славје, поради фактот дека Марк МекМорис (88,53) и’ донесе и бронза на втората најголема земја по површина во светот.
Бранителот на титулата од пред четири години, Редмонд Џерард (83,25) беше четврт, а на петтата позиција се најде Емилијано Лауци (80,01).