После двете загубени финалиња во 2002 и во 2019, Сенегал за првпат успеа да го освои Африканскиот куп на нации.
Популарните ,,Лавови”, во последниот меч од триесет и третото издание на континенталниот собир, го совладаа Египет после пенали.
После два часа игра, резултатот гласеше 0-0, а во седмата минута, ѕвездата на новите шампиони, Садио Мане, беше непрецизен од белата точка.
Сепак, во пенал-серијата, Сенегал беше поуспешен со 4-2, откако погодија Калиду Кулибали, Абду Диало, Бамба Диенг и горенаведениот Мане, а промаши само Буна Сар.
На спротивната страна, головите на Зизо и на Марван Хамди беа засенети со грешките на Мохамед Абделмонем и на Моханад Лашеен.
Во битката за бронза, Камерун на пенали го доби Буркина Фасо, враќајќи се од негатива од 3-0 на дваесет минути пред крајот.