По вторпат во сезоната, актуелните вицешампиони, Мајами Хит, врзаа два загубени натпревари.
Имено, екипата од Флорида синоќа беше поразена од Бруклин Нетс со минимални 128-124.
Нетс водеа во текот на цел меч, а најдобро им парираше Бам Адебајо (Мајами), кој постави личен рекорд со 41 постигнат поен заедно со 9 асистенции.
Кај Бруклин, повторно блескаше триото составено од Кевин Дурент, од Кајри Ирвинг и од Џејмс Харден.
Харден беше единствен со дабл-дабл учинок од 12 поени и од 11 асистенции, додека Дурант додаде 31 поен, а Ирвинг уфрли 28 кошеви.
Со овој триумф, Бруклин (10-8) скокна на петтото место на Истокот, а Мајами (6-9) е тринаесетти во истата конференција.
📸 Sportskeeda